fbpx

Што се контактни леќи и кои се нивните бенефити

Дали се соочувате со потешкотии при гледање одблизу или оддалекунавечер или пак додека возите?

На глобално ниво, најмалку 2,2 милијарди луѓе имаат потешкотии со видот при гледање на блиско растојаније или далечина.

Денес, со помош на иновативната технологија, и вештите раце на многу научници, решението за оваа проблематика е достапно за секого. – Контакни леќи

Контактните леќи се тенки, проѕирни силиконски или пластични дискови чија главна намена е подобрување на вашиот вид. Тие се поставуваат во вашите очи, на солзавецот што ја покрива рожницата, притоа без да се чуствувате нелагодно, и да гледате непречено.

Како и очилата, контактните леќи ги коригираат проблемите со видот предизвикани од бројни рефрактивни грешки. Грешка на рефракција е кога окото не ја прекршува (свиткува или фокусира) светлината правилно во окото што резултира со заматена слика.

Контактните леќи може да го подобрат видот кај луѓето со најчестите рефрактивни грешки:

  1. миопија (кратковидост)
  2. хиперметропија (далекувидост)
  3. астигматизам (искривен вид)
  4. презбиопија (промени на блискиот вид што вообичаено се случуваат со возраста)

Доколку сакате да дознаете повеќе прочитајте ја целосната статија за најчестите нарушувања на видот.

Типови на контактни леќи

Во зависност од факторите како што е обликот на вашето око, вашиот оптометрист ќе Ви препорача тврди или меки контактни леќи.

Меки контактни леќи

Направени најчесто од силиконски хидрогел, кој дозволува кислородот да помине низ рожницата

Тврди контактни леќи

Цврстите контактни леќи се крути и гас-пропустливи, со цврст дизајн изработен од издржлив пластичен материјал

И двата типа имаат уникатни предности, а некои може да доаѓаат со обоена нијанса, ултравиолетова заштита или како бифокали. Меките леќи се направени од мека пластика и се поудобни од тврдите леќи бидејќи држат повеќе вода.

 

Дознајте повеќе за разликите меѓу тврдите и меките контактни леќи.

Кои се правилните контактни леќи за вас?

Изборот на правилни контактни леќи е одлука што треба да ја донесете со помош на вашиот очен лекар. Вистинскиот избор зависи од многу фактори, ја вклучува и вашата рефрактивна грешка, колку контактни леќи можат да ги толерираат вашите очи, вашите очекувања и колку сте спремни правилно да се грижите за вашите леќи.

Во прилог, ви даваме целосен одговор на прашањето кое ќе ви ја олесни одлуката: Како да одберете контактни леќи.

Дали контактните леќи се подобри од очилата?

Контактните леќи нудат потенцијално подобра визуелна острина во споредба со очилата; Контактните леќи нудат поголемо и појасно видно поле од очилата; Тие можат да им дозволат на носителите да учествуваат во многу спортови и форми на вежбање; Некои луѓе го претпочитаат изгледот на контактните леќи наместо очилата.

Предности на контактни леќи

  • избегнувате замаглување додека носите маска
  • пошироко видно поле кое е јасно
  • подобри за асиметрични рецепти
  • подобри за високи рецепти
  • типично се подобри за спортување 
  • козметички супериорни

Недостатоци на контактните леќи

  • потребни се вештини за користење
  • потребно е време да се навикнете на нив
  • времето на носење може да биде ограничено 
  • мора да се грижите за леќите
  • трошоци за одржување за раствори/футроли 
  • леќите може да се изгубат или искинат

Некои луѓе уживаат во носење очила додека спортистите претежно преферираат носење контактни леќи. Некои луѓе константно менуваат меѓу контактни леќи и очила. Во просек, многу професионалци за нега на очи почнуваат да поттикнуваат носење контактни леќи, но на крајот од денот одлуката ја носите Вие.