fbpx

Што е нуклеарна катаракта?

Истражувањата покажуваат дека кај луѓе постари од 75 години, инциденцата на нуклеарна катаракта на едното око е дури 40%. Но како настанува оваа појава?

  • Катарактата не е заразна болест и не може да се пренесе од едно око на друго.
  • Нуклеарната катаракта започнува како нуклеарна склероза. Во самиот центар (јадрото), очната леќа станува жолта, поцврста и сè понепроѕирна. Луѓето имаат тенденција да имаат проблеми со читање и боите се избледени.

Во денешниот блог пост ги сумиравме сите потребни информации во врска со катаракта или перде на очите. (Одвојте 1 минута и информирајте се)

Како настанува нуклеарна катаракта?

Очната леќа е составена од проѕирни протеини кои се наредени во слоеви и дозволуваат светлината да помине низ нив. Возраста и изложеноста на УВ зраци предизвикуваат намалување на протеините во леќите. Лошите животни навики предизвикуваат забрзување на овој процес. Кога тоа ќе се случи, леќата повеќе не е транспарентна и станува жолта.

Со текот на времето, очната леќа преоѓа од жолта во кафена и станува поцврста. Квалитетот на видот се намалува бидејќи помалку светлосни зраци можат да стигнат до мрежницата.

Симптоми на катаракта:

  • се гледа магливо
  • немање острина во погледот
  • им пречи светлина
  • честа промена на диоптрија
  • промена на начин на кој се гледаат боите
  • нејасно, двојно гледање
  • не можат да се извршуваат активности како читање, возење и слично

Иако нуклеарната катаракта обично се поврзува со стареењето, други фактори на ризик вклучуваат:

  • хронични здравствени состојби (дијабет)

  • зголемена изложеност на ултравиолетова светлина

  • повреди на очите

  • пушење

  • прекумерно консумирање алкохол

  • долготрајна употреба на стероиди.

Видови на катаракта

– Конгенитална или вродена катаракта – овој вид се добива за време на ембрионалниот развој под влијание на внатрешен фактор, како што се некои заразни болести како Рубеола или Токсоплазмоза. Децата се раѓаат со катаракта на едното или двете очи.

 

– Стекнати – аквирирани или придобиени катаракти. Овој вид на катаракта се јавува низ годините и според возраста се дели на:

 

a) инфантилна или детска – овој вид се јавува како последица на некои хормонални пореметувања и заболувања во организмот на детето.

б) јувенилна или младешка се јавува после пубертетот па се до 40-та година од животот. Причините за настанувањето може да бидат различни. Многу често настануваат како последица на дисфункција на ендокрините жлезди со внатрешно лачење, на една или повеќе од нив. Најчеста таква катаракта е катаракта дијабетика која се јавува при пореметување на нивото на шеќерот и неговата регулација.

 

– Сенилна катаракта – оваа катаракта се развива по 50-та година па до подоцнежна возраст. Во зависност од тоа каде започнува, катарактата може да биде:

 

а) кортикална – кога заматувањето започнува од кората на леќата кон центарот. Ваквото заматување многу подоцна го намалува видот.

б) нуклеарна катаракта – кога заматувањето почнува од средината на леќата, односно нуклеусот. Кај овој вид веднаш се чувствува намалување на видот.

 

Сенилната катаракта има неколку стадиуми во својот развој:

 

а) почетен – инципинтен стадиум

б) интумесцентен стадиум – кога леќата набубрува

в) матурна катаракта – стадиум на зрела катаракта

г) хиперматурна катаракта – презреан стадиум

 

– Трауматска катаракта – овој вид на катаракти настанува како резултат на повреда на окото, физички или пак со хемиски супстанци. Овие катаракти се со лоша прогноза за видот.

Третман на нуклеарна катаракта

Отстранувањето на катаракта се изведува хируршки. Тоа е една од најчестите операции што ги вршат офталмолозите.

 

Хирургот ја отстранува заматената леќа и става чиста вештачка интраокуларна леќа (ИОЛ). Операцијата обично трае околу 15 минути, а пациентот истиот ден си оди дома.

 

Одредени животни навики можат да го намалат ризикот од развој на катаракта, а тие вклучуваат:

 

  • откажување од пушење,

  • редовни проверки на очното дно (еднаш годишно),

  • намалена потрошувачка на алкохол,

  • носење очила за сонце,

  • здрава исхрана богата со овошје и зеленчук