Кратковидост – или миопија е состојба на очите со која голем број на луѓе се соочуваат, НО знаејќи ја оваа состојба однапред може да ни помогне во нејзина контрола или да се спречи влошување.
Токму затоа, во денешниот блог пост, ги истакнуваме НАЈВАЖНИТЕ аспекти за Миопијата кои секој треба да ги знае.
Што е миопија?
Миопија е рефрактивна грешка која се јавува кога очното јаболко е премногу долго или рожницата е премногу закривена. Ова предизвикува светлината што влегува во окото да се фокусира пред мрежницата, што резултира далечните предмети да изгледаат нејасни. Често се манифестира во детството и има тенденција да напредува до раната зрелост.
Вообичаени причини за миопија:
Постојат различни фактори од кои таа може да настане, меѓутоа нај вообичаени се:
Генетиката: игра значајна улога, па ако вашите родители се кратковиди, можеби ќе бидете поподложни.
Долгите периоди на активности одблиску: Подолг период поминат пред најразлични екрани или читање, исто така може да придонесе кон развојот на миопијата.
Симптоми на миопија:
Препознавањето на симптомите на миопија е клучно за рана интервенција. Внимавајте на честото кривогледување, главоболки или потребата да седите поблиску до екранот. Ако вие или вашето дете ги искусите овие знаци, неопходно е да се консултирате со специјалист.
- Напнување за да се видат далечни објекти.
- Чести главоболки, по активности кои бараат јасен вид во далечина.
- Седење поблиску од вообичаено до екрани или предмети.
Контролирање на миопијата:
Иако миопијата не може целосно да се спречи, нејзината прогресија може да се контролира. Редовните очни прегледи се клучни за следење на промените во видот и соодветно прилагодување на корективните леќи. Дополнително, практикувањето на правилото 20-20-20 може да го ублажи напрегањето на очите.
Спречување на прогресија на миопија:
Aктивностите на отворено, ограничувањето на времето поминато на екранот и одржувањето на урамнотежена исхрана богата со витамини се неопходни за здравјето на очите. Истите помагаат да се забави прогресијата на миопијата, особено кај децата.
- Поминувајте најмалку два часа надвор – дневно.
- Следете го правилото 20-20-20 за да го намалите напрегањето на очите.
- Обезбедете урамнотежена исхрана со витамини А, Ц и Е.
Додека уживате во секојдневиетo, не заборавајте редовно да го проверувате здравјето на вашите очи. Посетете ја најблиската оптика и погрижете се вашиот вид да остане здрав и чист.
Наша препорака за контактни леќи за миопија:
Направени со Aquaform Comfort технологија која произведе леќа која дозволува проток на многу кислород во вашите очи, одржувајќи ги здрави. Овие леќи се ултра ефикасни во задржувањето на водата, така што во текот на целиот ден вашите очи се влажни и таложењето протеинските наслаги е сведено на минимум. Можеби најважно од се е тоа што контактните леќи Biofinity ви одговараат правилно на очите без чувство на неудобност и иритација.

