Прескокни до содржината
Оптичар.мк
Оптометрија

Монофокални стакла: бенефити и споредби

Тим на Оптичар

Прегледано од оптометрист · 6 дек 2022 · 2 мин читање

eyeglass lenses, glass, glasses glass-509385.jpg

Повеќе од 24 милиони луѓе, на возраст од 40 години или повеќе имале проблем со катаракта. Катарактата е состојба која бавно се развива со текот на времето. Бидејќи таа расте околу или на леќата, потребно е да се отстрани старата леќа и да се замени со нова.

Во моментов, постојат две главни опции за објектив, монофокална и мултифокална.

Што претставуваат монофокалите?

Монофокалната леќа има една точка на фокус. Едната точка на фокусирање обично ќе ви даде јасен вид на далечина, но негативната страна е тоа што ќе ви требаат очила за блиска и средна дистанца.

Монофокални леќи се развиени во последните 50 години, така што тие се исклучително добро произведени, висококвалитетни и многу сигурни.

Позитивни страни

  • Добро произведен и сигурен поради 50-годишната историја
  • Секој е кандидат
  • Вистинска солуција доколку имате проблем само со една дистанца

Негативни страни

  • Само една точка на фокус
  • Зависи од очилата

Разлика помеѓу монофокални и мултифокални стакла

Монофокалните стакла обезбедуваат најјасна визија на едно растојание додека пак Мултифокалите, се користат за истовремено подобрување на видот во близина, среден вид и видот на далечина. Тие користат концентрични прстени со различна дебелина, за да му овозможат на окото да ги фокусира сликите од сите растојанија на мрежницата.

Нашиот избор за монофокални стакла

Монофокални стакла: бенефити и споредби
Монофокални стакла: бенефити и споредби
Монофокални стакла: бенефити и споредби
  • Елит (Ellite) стаклата на Ленсмак (Lensmak) можете да ги побарате во сите оптики низ Македонија
  • Тие се изработени по ISO 9001 критериумот за менаџмент на квалитет
  • Изработени од едни од најдобрите Јапонски фабрики за сировини Мицуи (Mitsui Japan)

Прочитајте повеќе за оптички стакла

Оптички стакла: бенефити и видови
Што се фотохроматски стакла?
Бифокални леќи: предности и недостатоци
Дали прогресивните стакла се правилниот избор за вас?
Како да се навикнете на прогерсивни и бифокални стакла

Ова не е замена за преглед кај доктор-специјалист. Ако имате болка, црвенило или нагла промена на видот, јавете се кај офталмолог.

Сподели: Facebook Viber

Поврзани совети

Користиме колачиња за статистика и мерење на рекламите, само ако се согласиш.